pixabay

Рецепт за превкусна салата со марула со италијански прелив која ќе ви ја збогати велигденската трпеза

Состојки:
1 марула
3 варени јајца
250 милилитри масло за јадење
100 милилитри лимонов сок
50 милилитри јаболков оцет
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
1 лажица сенф
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка оригано
малку мајчина душичка
2 чешниња лук

Подготовка:
За подготовка на оваа салата, прво треба да го подготвите преливот, а потоа да ја исечкате марулата.
Во подлабок сад ставете ги лимоновиот сок, оцетот, ситно исечканиот лук, ориганото, сенфот, мајчината душичка, црвениот пипер, солта, шеќерот и маслото за јадење. Сите овие состојки убаво измешајте ги и оставете ги да отстојат во фрижидер околу четири часа.
Откако ќе помине потребното време, извадете го преливот од фрижидер и префрлете го во поголем сад. Во садот со преливот, исечкајте ги марулата и јајцата, а потоа убаво измешајте. Салатата со италијански прелив е готова за јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот