
Рецепт за потпечен модар патлиџан со мелено месо и кашкавал – ручек за 10!
Потпечениот модар патлиџан полнет со мелено месо и посипан со кашкавал може да се сервира за ручек, вечера, но и кога ќе ви дојдат пријатели.
Препорачано
Модриот патлиџан е зеленчук со силен вкус и секој не сака да го јаде. Но, ако го подготвите на вистински начин, сигурно ќе им се допадне и на најпребирливите.
Ви го пренесуваме совршениот рецепт за модар патлиџан печен со мелено месо и кашкавал. Подготовката е едноставна и не бара многу време, а вкусот е фантастичен.
Состојки:
– 3 модри патлиџани
– 300 грама мелено месо
– 250 грама кашкавал
– 60 грама пармезан
За модрите патлиџани:
– 40 мл маслиново масло
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка мелена црвена пиперка
– 1 лажичка оригано
– 1 лажичка лук во прав
– малку бибер
За месото:
– 1 кромид
– 1 црвена пиперка
– 1 зелена пиперка
– 2 чешниња лук
– 2 лажички сол
– 2 лажички мелена црвена пиперка
– ½ лажичка мелен коријандер
– ½ лажичка мелен ким
– малку бибер
– 1 конзерва сечкани домати пелато
Подготовка:
Модриот патлиџан исечете го на парчиња, па наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Во сад сипете маслиново масло, сол, бибер, блага мелена пиперка, оригано, лук во прав и измешајте. Со добиената смеса премачкајте го секое парче модар патлиџан. Печете во загреана рерна на 160 степени околу 20 минути.
Во тавче на малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид, а кога ќе омекне, додајте го меленото месо. Кога месото малку ќе се испржи, додајте сол, бибер, посипете со мелена блага пиперка, коријандер и ким. Промешајте. Потоа додајте ги сечканите пиперки и пржете додека сѐ не биде готово. На крај додајте мелено лукче и доматите пелато, измешајте и оставете да се крчка уште 10 минути.
Извадете ги парчињата модар патлиџан од рерна и прелијте ги со филот од месо, па посипете со рендан кашкавал. Покријте со друго парче модар патлиџан, повторно прелијте со филот и посипете со рендан кашкавал. Правете го тоа додека не ги потрошите состојките. На крај, врз сѐ изрендајте пармезан. Вратете во рерна и печете уште 15 минути.