
Рецепт за посни крофни: Се топат во уста
Посните крофни се едно од наједноставните деликатеси што можете да ги подготвите за време на велигденскиот пост. Можете да ги направите празни или да ги наполните со џем по избор, а бидејќи се готови многу брзо, посните крофни се рецепт кој секогаш треба да го имате при рака.
Препорачано
Иако се прават без јајца и млеко, посните крофни се многу сочни, а кората од лимон или портокал им дава посебна освежителна нота. Во продолжение погледнете како лесно можете да подготвите посни крофни за себе и за вашите најблиски.
Состојки:
– 250 милилитри млака вода
– 50 грама квасец
– 500 грама брашно
– 50 грама растителен маргарин
– 2 лажички шеќер
– шеќер во прав по потреба
– 1 ванилин шеќер
– изрендана кора од 1/2 лимон или портокал
Подготовка:
Во подлабок сад ставете ја млаката вода, една лажица шеќер, 5 лажици брашно и растопениот квасец. Убаво измешајте ги состојките и оставете ги да стасаат. Во друг сад, со миксер убаво изматете го остатокот од шеќерот со маргаринот. Добиената смеса претурете ја во садот со квасецот. Убаво измешајте ги состојките, а потоа додајте го и остатокот од брашното. Убаво измесете ги состојките и повторно оставете го тестото да стаса.
На работната површина развлечете кора со сукало, која нема да биде подебела од еден сантиметар.
Со чаша формирајте ги крофните. Пржете ги во поголема количина загреано масло за јадење.
Откако крофните ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав во кој сте додале еден ванилин шеќер.