Фото: Ralph Daily / Flickr

Рецепт за посна пастрмка во сос од ајвар, експлозија од вкусови

Откријте едноставен и вкусен начин за подготовка на посна пастрмка во сос од ајвар. Со сочни филети од пастрмка завиткани во миризлив зеленчук и печени во хартија, овој рецепт носи хармонија на вкусови и здрава исхрана. Прелијте ги со богат сос од ајвар и свежо изрендана кора од лимон за неодолива комбинација на свежина и зачин.

Состојки:

– 4 филети пастрмка
– 1 тиквичка
– 1 морков
– 1 црвена пиперка
– 1 главица кромид
– сол по вкус
– масло
– 5 лажици ајвар
– рендана кора од лимон

Подготовка:

Зеленчукот измијте го и ситно исечкајте го.
Подгответе четири парчиња хартија за печење. На секоја хартија ставете малку сечкан зеленчук и по едно филе пастрмка.
Посолете по вкус и намачкајте со малку масло. Потоа внимателно покријте го секое филе од пастрмка и зеленчук со хартија за печење, формирајќи четири пакетчиња.
Ставете ги пакетчињата во загреана рерна на 180 степени Целзиусови и печете ги околу 15 минути или додека пастрмката не стане сочна, а зеленчукот мек.
Во меѓувреме, измешајте ајвар со ренданата кора од лимон за да добиете освежителен сос.
По печењето, внимателно отворете го секое пакетче и послужете ја пастрмката на чинии, прелијте ја со сост од ајвар и лимон.
Украсете по желба со свежи билки, како магдонос или мирудија.
Посната пастрмка послужете ја во сосот од ајвар со прилог по ваш избор, како варен ориз, варени компири или зеленчук на пареа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот