Фото: Liliia Kondratenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Рецепт за полнети модри патлиџани на турски начин

Ова е класичен рецепт за модри патлиџани полнети со мелено месо и домати – во Турција ова јадење е познато како кернијарик (Kerniyarik). Рецептот можете да го прилагодите на себе, во смесата да го додадете вашиот омилен зеленчук – пиперка, тиквички… Доколку сакате сирење, изрендајте го преку наполнетите „чамци“ од модрите патлиџани. За самата подготовка на ова старинско, вкусно јадење, ќе ви треба околу еден час.

Поради богатството на вкусовите, други додатоци на трпезата нема да ви бидат потребни.

Состојки:

– 2 поголеми модри патлиџани
– 500 грама јунешко мелено месо
– 1 кромид
– 2 домати
– 2 чешниња лук
– 1 китка магдонос
– 200 милилитри масло за јадење
– сол
– црн пипер
– павлака

Подготовка:

Модрите патлиџани убаво измијте ги и отстранете им ги рачките. Потоа, пресечете ги на половина, посолете ги и оставете ги да отстојат околу 15 минути за да ја испуштат водата која се наоѓа во нивниот состав.

Додека чекате модрите патлиџани да отстојат, во тава на оган загрејте го потребното количество масло за јадење и во него додајте ги ситно исечканиот кромид и лукот. Кратко пропржете, а потоа додајте го меленото месо. Пржете околу 15 минути, а потоа тргнете го од ринглата.

Смесата со меленото месо убаво зачинете ја и во неа додајте ги ситно сечканите домати што претходно сте ги излупиле.

Со вака подготвената смеса, наполнете ги модрите патлиџани.

Вака подготвените модри патлиџани, печете ги во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 20 минути.

Кога ќе бидат убаво испечени, послужете ги топли во комбинација со павлака во која ќе додадете ситно сечкан свеж магдонос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот