
Рецепт за похувани пиперки полнети со сирење, едно од омилените летни јадења!
Летото е на прагот, а пазарите изобилуваат со свеж зеленчук во сите бои и вкусови. Меѓу нив, како омилен зеленчук на македонската трпеза, се издвојуваат пиперките, и тоа во сите варијанти.
Препорачано
Затоа, денеска ви предлагаме рецепт за најубавата летна вечера – похувани пиперки полнети со сирење. Откако ќе ги пробате, постојано ќе ги правите!
Состојки:
– 10 црвени пиперки
– 150 грама ситно сирење
– 1 лажица семе од сусам
– 2 јајца
– 1 чаша (од 200 милилитри) брашно
– 1 шолја презла
Подготовка:
Испечете ги пиперките во рерна и изладете ги во покриен сад. Кога ќе се изладат, излупете ги и извадете ги семките.
Наполнете ги со сирење измешано со сусам. Јајцата изматете и посолете ги.
Полнетите пиперки валкајте ги во брашното, па во изматените јајца, а потоа во презлата. Пржете ги во длабоко масло, по неколку минути од двете страни додека не поруменат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5