Фото: Pxhere

Рецепт за најдобриот леб за слабеење, без брашно, без месење

Ако сакате да се грижите за вашето здравје или да водите сметка за вашата фигура, не мора да се откажувате од леб.

Наместо обичен бел леб и алтернативи од интегрално брашно, хелда и спелта, ако сте на диета можете да го јадете популарниот леб од ленено семе, кој има многубројни придобивки.

Покрај тоа што не содржи глутен, има и низок гликемиски индекс (само 35), а добро се познати и здравствените придобивки од лененото семе. За што е добро лененото семе?

Како и сите семиња што се богати со масти, така и лененото семе има значителна енергетска вредност – 100 грама ленено семе содржи дури 534 калории.

Сепак, нека не ве плаши оваа бројка на калории, бидејќи сè друго што дава лененото семе е многу корисно за организмот, па не е исто да го јадете ова семе и нездрава намирница со иста калориска вредност.

Лененото семе изобилува и со протеини, кои во 100 грама ги има околу 18,28 грама, а обично се препорачува да се консумира во комбинација со месо, бидејќи ленот не содржи лизин, важна аминокиселина.

Во 100 грама ленено семе има 28,88 грама јаглехидрати, од што најголем дел се растителни влакна. Покрај тоа, тоа е одличен извор на витамини и минерали, првенствено витамин Б1, фосфор, бакар и растителни соединенија какви што се п-кумаринска киселина, ферулна киселина, цијаногени гликозиди, фитостероли и лигнани.

Овие семки спаѓаат и меѓу најевтините, особено ако ги купувате на мерка во продавниците за здрава храна.

Состојки:

– 100 грама ленено семе
– 6 белки

Подготовка:

Вечерта пред да го направите лебот, потопете го лененото семе во вода да се впие и да набабри.

Следниот ден добро исцедете го, па ставете го во блендер.

Потоа одвојте ги белките од јајцата, сипете ги врз лененото семе и блендирајте додека не се иситни (но внимавајте да не претерате – треба да бидат мелени, а не прашкасти). Повремено исчистете ја смесата од внатрешните ѕидови на блендерот, па продолжете.

Смесата сипете ја во сад за печење обложен со хартија за печење, па печете 35 минути во рерна загреана на 180 степени.

Откако ќе се испече, исклучете и оставете го лебот во рерната уште 45 минути за да не спласне при наглото вадење на собна температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот