
Рецепт за македонски пинџур во тегла, се прави со генерации
Секој крај на Македонија има свои карактеристични зимници, а новото време носи и одредена „модернизација“ на старинските рецепти за чија што подготовка било потребно многу време и труд.
Препорачано
Старите традиционални македонски рецепти кои имаат долгогодишна историја на нивна подготовка, имаат незаборавен вкус за кој навистина вреди да се потрудиме за да можеме заедно со најблиските да уживаме во текот на зимскиот период.

Состојки:
– 3 кг црвени пиперки – ајварки
– 1 кг модри патлиџани
– 1, 5 кг домати
– 300 г лук
– 300 мл масло за јадење
– 300 г лути пиперки
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер
– 200 мл вински оцет

Подготовка:
Испечете ги пиперките, модрите патлиџани и доматите. Откако ќе завршите со тоа, излупете ги и измелете ги во машина за мелено месо.
Потоа, на поголем шпорет, ставете го тенџерето за подготовка на зимниците и во него ставете ги маслото, оцетот, шеќерот и солта и оставете ги да зовријат.
Во зовриената течност, најпрвин ставете го благите и лутите пиперки и кратко пропржете ги. Потоа, додадете ги и модрите патлиџани и доматите и повторно убаво измешајте.
Пржете околу 1 час.
Вака подготвениот пинџур, ставете го во топли, стерилизирани тегли кои веднаш ќе ги затворите и ќе ги оставите превртени да отстојат преку ноќ, додека не се изладат.
