
Рецепт за лимонада со лаванда: Лековит пијалак против силен стрес и главоболки
Лимонадата е еден од пијалаците што се препорачува да се пие во овие топли денови бидејќи го хидрира организмот, а воедно ќе добиете и доволен извор на витамини.
Препорачано
Лимонадата со лаванда е еден од најприродните лекови против главоболка што го доведува телото во рамнотежа. Подгответе ја од исушени цветови или со етерично масло од лаванда.
Освен што е совршено летно освежување, лимонадата со лаванда ги опушта сите сетила. Доколку имате проблеми со главоболки предизвикани од честите временски промени, дефинитивно пробајте го овој лековит рецепт. Тоа не само што ќе ги смири симптомите, туку и ќе го доведе целото тело во рамнотежа.
Бројни студии го докажале благотворното дејство на етеричното масло од лаванда во ситуации на силен стрес, до тој степен што во некои светски познати болнички центри ароматерапијата со лаванда е прифатена терапија во предоперативниот третман на пациентите.
Цветовите на лавандата се богати со есенцијални масла кои содржат над 150 активни состојки. Дејствуваат против габички, воспаленија, бактерии, депресија, микроорганизми, грчеви, го чистат организмот, го намалуваат крвниот притисок и имаат аналгетски и седативни својства.
Состојки:
– 1/4 шолја сушени цветови од лаванда (погрижете се лавандата да е органски одгледувана) или една капка етерично масло од лаванда
– 6 лимони, излупете ги и исцедете ги
– мала шолја мед
– 5 шолји вода
Подготовка:
Сварете половина од водата и тргнете ја од шпоретот.
Во водата додадете мед и лаванда. Оставете да отстои 20 минути, а потоа процедете и сипете во поголем сад.
Додадете сок од лимон, остатокот од водата и добро измешајте.
Пред да ја консумирате, лимонадата добро изладете ја.