Фото: Pxhere

Рецепт за крем-сирење, научете да направите поевтина верзија дома

Крем-сирењето е популарен намаз што можете да го користите во многу рецепти, но и како намаз и прилог на многу јадења. Направете поевтина верзија дома, која има ист вкус како и купената во продавница, а најдобро од сè, не бара премногу труд. Исто така, ако сакате да го збогатите вкусот на домашното крем-сирење, тогаш во него можете да додадете магдонос, шунка, зачини… Уживајте!

Состојки:

– 1 литар млеко
– 4 супени лажици сок од лимон

Подготовка:

Сипете го млекото во тенџере и варете додека не зоврие, а потоа додадете го сокот од лимон. Оставете го да се готви додека на површината не се формира жолта скрама (кожичка што се фаќа по површината на течности по долго стоење), а потоа процедете така што преку чисто тенџере ќе ставите сито. Кога добро ќе го процедите, добиеното сирење истурете го во блендер и додадете неколку лажици сурутка (ова е смесата што останува кога ќе го извадите сирењето). Наместо сурутка, можете да додадетеи  маслиново масло. Добро изблендирајте и крем-сирењето е готово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот