
Рецепт за крцкави слоевити стапчиња од компири со лук и пармезан: Нема да можете да престанете да ги јадете!
Овој рецепт за стапчиња од компири со лук и пармезан е вистински хит на Инстаграм!
Препорачано
Крцкавите стапчиња од компири со лук и пармезан совршено одат со разни јадења, а и самите по себе се специјалитет. Сите љубители на компири ќе се воодушеват од овој рецепт.

Состојки:
– 4-5 големи бели компири
– 1/3 шолја маст (по избор)
– 750 мл масло за пржење
– пармезан
– лук во гранули

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 130 степени Целзиусови. Излупете ги компирите и исечкајте ги на што е можно потенки крукчиња.
Потоа, додајте маст или масло и сол и добро промешајте.
Обложете калап за леб со хартија за печење и рамномерно распоредете ги компирите во калапот. Покријте ги со уште еден лист хартија за печење и притиснете ги така што хартијата ќе се припие за компирите, па печете во рерна 2 часа и 30 минути.
Оставете ги компирите да се изладат 20 минути. Потребно е да ги притиснете со нешто тешко додека се ладат и стегнуваат во фрижидерот. На пример, можете да користите правоаголна чинија наполнета со вода. Оставете ги компирите во фрижидер најмалку 6-8 часа или преку ноќ.
Исечкајте ја добиената „цврста плоча“ од компири на стапчиња со ширина од 2-3 сантиметри.
Во тенџере загрејте масло на висока температура, околу 180 степени. Компирчињата треба да ги пржите брзо, бидејќи колку подолго стојат во маслото толку поголеми се шансите дека ќе се распаднат. Внимателно ставајте ги компирчињата во врелото масло и пржете ги 3-5 минути, додека станат златно-кафени и крцкави.
Извадете ги компирчињата од маслото, добро процедете ги и внимателно посипете ги со мешавина од сол и лук. Префрлете ги на чинија, изрендајте свеж пармезан одозгора и уживајте!
