
Рецепт за гибаница идеален за неискусни домаќинки: Следете ги овие 10 чекори и ќе успеете без грешка
Направете вкусна воздушеста, ниту премногу мрсна, ниту сува, со крцкава кора, едноставно совршена гибаница за миг со овој едноставен рецепт.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Состојки:
– 1/2 кг кора за гибаница
– 4 јајца
– 1/2 кг сирење
– 1 чаша јогурт
– 1 дл кисела вода
– 1 дл масло
– 50 г брашно
– 1/2 прашок за печиво
– 1 лажичка сол или помалку, ако сирењето е солено
– масло за подмачкување на плехот
Подготовка:
1. Вклучете ја рерната на 200 степени за да се загрее.
2. Изматете ги јајцата, потоа додајте го издробеното сирење, јогуртот, киселата вода, маслото, брашното и прашокот за печиво. Пробајте малку од филот, потоа додајте сол по вкус.
3. Благо намачкајте го со масло плехот за печење со димензии 30х25 или сличен, потоа раширете две кори така што ќе се преклопуваат и краевите ќе се префрлат преку рабовите.
4. Рамномерно посипете малку фил врз кората, потоа ставете ја втората кора одозгора, собирајќи ја така што целата може да влезе во плехот за печење.
5. Врз така набраната кора, повторно рамномерно посипете фил, па повторно ставете набрана кора.
6. Повторувајте ја постапката до претпоследната кора, врз која ќе ги префрлите краевите на долните кори.
7. Посипете уште малку фил одозгора и ставете ја последната кора, која ќе ја изгужвате и ќе ги вовлечете рабовите.
8. Премачкајте со малку масло и печете во претходно загреана рерна 50-55 минути.
9. По тој период, исклучете ја рерната, а гибаницата оставете ја во подотворена рерна уште 10-15 минути.
10. Потоа, извадете ја питата од рерна, кратко изладете ја на собна температура и исечете ја на парчиња со саканата големина.