Фото: Pexels/ Kristina Gain

Рецепт за фритата со блитва: Здрав и вкусен оброк

Блитвата е нискокалорична, полна со хранливи материи, која заслужува повеќе внимание и треба да ја јадеме многу почесто. Ако сакате брз, вкусен и здрав оброк, подгответе ја оваа фритатат со блитва.

Состојки:

– 5 млади компири (исечени на мали коцки)
– 1 китка блитва
– 1 чешне лук
– 12 јајца
– 1/2 чаша грчки јогурт
– 1 чаша рендан кашкавал
– 2 лажички маслиново масло
– сол
– бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Измешајте ги компирите со една лажичка маслиново масло, сол и бибер. Печете ги во огноотпорен сад околу 30 минути додека не омекнат.

Во тавче загрејте уште една лажичка маслиново масло на средна топлина, додадете ја блитвата и 1/4 чаша вода и покријте го тавчето пет минути. Во блитвата додајте го лукот и оставете да се вари уште малку. Посолете и бибер во блитвата и оставете да се излади.

Во чинија изматете ги јајцата и грчкиот јогурт, зачинете со сол и бибер.

Прилагодете ја температурата на рерната на 175 степени Целзиусови. Во сад за печење наредете ги слоевите компири, блитва и рендано сирење, па прелијте ги со смеса од јогурт и јајца. Печете околу 30 минути додека не поруменат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот