
Рецепт за домашно крем-сирење, со само четири состојки
Крем-сирењето е дефинитивно еден од омилените намази. Одлично е во комбинација на многу колачи како чискејк, но и во солени јадења како ролат. Не мора да го купувате во продавница, можете да го направите дома многу едноставно со неколку состојки, како, на пример, млекото. Покрај тоа, потребен ви е оцет, кој сигурно го имате, како и путер и сол.
Препорачано
Состојки:
– 3 шолји полномасно млеко
– 3 лажици оцет
– 2 прстофата сол
– 1 лажица путер
Подготовка:
Во тенџерето сипете го целото млеко за крем-сирењето, па оставете да зоврие на средно-ниска температура. Мешајте неколку минути, а потоа, кога ќе забележите дека млекото се лепи на рабовите на тенџерето, постепено додавајте го оцетот, мешајќи полека. Намалете ја температурата кон крајот на додавањето на оцетот, па мешајте уште неколку минути додека не почне појасно да се одвојува засирениот дел.
Исклучете го шпоретот и поклопете го тенџерето, па оставете да отстои 10-15 минути.
Сирењето убаво процедете го, притискајте го за да се исцеди вишокот течност целосно.
Посолете, измешајте, па блендирајте го (измешајте) го крем-сирењето заедно со путерот, 3-5 минути.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
56мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5