Фото: Pexels

Рецепт за домашна торта од ореви и чоколадо: Вкусот ќе ве маѓепса!

Тортата од ореви носи богат, домашен вкус што се топи во устата! Сочните кори и кремастиот фил од ореви мамат со својата арома, а подготовката не е премногу тешка. Совршен избор за сите љубители на класични задоволства – вистински десерт за сите пригоди.

Состојки:

За една кора (се печат три):

– 5 белки

– 5 лажици шеќер

– 5 лажици мелени ореви

– 2 лажици брашно

За првиот фил:

– 1 л млеко

– 15 жолчки

– 10 лажици шеќер

– 10 лажици брашно

– 250 г путер

– 200 г шеќер во прав

– 200 г темно чоколадо

За вториот фил:

– 150 мл млеко

– 150 г мелени ореви

Друго:

– 2 ќесички шлаг

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот и додајте ореви и брашно. Така изматената смеса печете ја на хартија за печење на 180 степени, околу 20 минути. Испечете три кори.

Пригответе го првиот фил, така што во еден литар млеко ќе сварите изматени жолчки со шеќер и брашно. Кога сето тоа убаво ќе го изматите и сварите, оставете да се излади. Кога ќе се излади, додајте шеќер во прав, путер и темно чоколадо. Изматете.

Пригответе го вториот фил така што ќе попарите 150 г ореви со 150 мл млеко. Изматете го и шлагот.

Филувајте и украсете по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот