
Рецепт за чоколадна пита со авокадо: Неповторлив вкус!
Во милион вкусни десерти, го најдовме оној што е поволен и за вегани, а се подготвува за миг. Вкусна храна што помага за слабеење и го штити срцето.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Потребни ви се околу 20 минути и сигурни сме дека вашите домашни ниту ќе се посомневаат дека внатре се крие авокадо. Оваа вкусна и хранлива намирница богата со здрави масти е поволна за подготовка на кремасти десерти како овој чоколаден мус благодарение на неговата богата и кремаста текстура. Чоколадната пита со авокадо ќе ве остави без зборови!
Потребни состојки:
За бисквитот:
– 1,5 чаши урми
– 1 чаша печени бадеми
– 1 чаша пржени пекани
– 1 лажичка морска сол
За кремот:
– 4 големи зрели авокада
– 1,5 чаши кокосов крем
– 1,5 чаши незасладено какао во прав
– 1 чаша јаворов сируп
– 1,5 лажички екстракт од ванила
– 1/2 лажичка сол
– 1/8 лажичка морско оревче
– слатка павлака (за декорација)
Подготовка:
Ставете ги состојките за бисквит во електричен сечкач и мешајте додека смесата не се соедини. Со прстите, рамномерно притиснете ја смесата во калапот за торта, внимавајќи да добиете рамна површина. Покријте го калапот со фолија за храна и ставете го во фрижидер 10 минути.
Ставете ги состојките на кремот во блендер и мешајте додека не добиете целосно мазен крем. Кремот сипете го врз бисквитите и измазнете со лажица.
Ставете ја тортата во фрижидер и оставете да отстои два до три часа.
Изматете го кремот од зеленчук и украсете ја тортата со неа по желба. Кога сервирате, украсете ја питата со авокадо во тенки парчиња во форма на полумесечина.
Уживајте во неповторливиот вкус!