Фото: Freerange Stock

Рецепт за брзи солени мафини со шунка: Готови за 30 минути

Солените мафини со шунка се идеален избор за брз појадок, ужина или како придружна ужина со чаша од вашиот омилен пијалак. Комбинацијата од нежно тесто, сочна шунка и растопено сирење ги прави неодоливи за сите генерации.

Рецептот е краток, подготовката едноставна, а резултатот – меки и вкусни мафини што мамат насмевка на секој залак. Во продолжение прочитајте како лесно да ги направите дома и да ги освоите вашето семејство и пријатели.

Состојки:

– 250 г брашно
– 1 прашок за печиво
– 2 јајца
– 150 мл млеко
– 100 мл масло
– 150 г шунка, исечена на коцки
– 100 г рендано сирење (на пример, кашкавал или трапист)
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе калап за мафини, обложете го со хартиени корпички или намачкајте го со масло. Во голем сад, измешајте го брашното и прашокот за печиво. Додајте малку сол и бибер.

Во друг сад, изматете ги јајцата со млекото и маслото. Сипете ги течните состојки во брашното и брзо измешајте за да се соединат, но не премногу за смесата да не стане тврда.

Додајте ги шунката, ренданото сирење и зачините. Нежно мешајте за да се распоредат рамномерно. Со лажица наполнете го калапот за мафини до 3/4 висина. Печете околу 20-25 минути, додека мафините не добијат златно-кафеава боја и додека чепкалка за заби забодена во центарот не излезе чиста. Извадете ги мафините од рерна и оставете ги малку да се изладат пред сервирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот