Фото: Jenty / GoodFon

Рецепт за брза торта за Денот на вљубените: Љубовен десерт

Доколку сè уште не знаете како да го изненадите вашиот сакан или сакана за Денот на вљубените, ви носиме одличен предлог!

Состојки:

– 8 јајца
– 11 лажици брашно
– 1 прашок за печиво
– 1 ванилен шеќер
– 1 дл млеко
– 0,5 дл масло
– рендана кора од портокал

За фил:

– 2 пудинга од јагода
– 1 дл млеко за матење на пудингот
– 500 мл млеко за варење на пудингот
– половина маргарин
– шлаг
– по желба и 1 лажица екстракт од јагоди

Фото: Яна Горбунова / Pexels

Подготовка:

Направете бисквит за тортата, така што ќе ги изматите жолчките и шеќерот, потоа додајте ги маслото и млекото, добро соединете, па додајте ги брашното, прашокот за печиво, ванилниот шеќер и ренданата кора од портокал. Кога смесата ќе се соедини, додајте ги изматените белки.

Кората печете ја 20 минути на 200 степени во калап во облик на срце.

Кога кората ќе се испече, пресечете ја така што ќе добиете две кори.

Изматете ги двата пудинга од јагода и варете во половина литар млеко. Кога ќе се излади, додадете половина маргарин и исфилувајте ја тортата. Изматете го шлагот, во кој може да додадете екстракт од јагода за да добиете црвена боја.

Тортата можете да ја украсите и со цели јагоди или малини, или само со шлаг, како што вам најмногу ви се допаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот