
Рецепт на Давор Панчевски: Меки и воздушести домашни земички
Вистинско уживање е кога млад човек сака да покаже што умее, што може и што сè знае да создаде. Но, уште поголемо уживање е кога несебично сака да ги сподели своите вештини.
Препорачано
Таква е приказната на младиот готвач Давор Панчевски кој реши повторно да сподели со нас некоја вкусна тајна од неговата кујна.
Давор Панчевски ја открива тајната за совршен домашен сладолед
Давор денеска споделува рецепт за домашни земички.
„Подготовката на домашни земички може да биде лесна, а со овој вкусен рецепт истите може да ги искористите како кифлички или како основа за Вашите сендвичи“, вели Давор.
Тајната состојка е киселото млеко во тестото кое допринесува да овие земички бидат меки и воздушести подолго време откако ќе ги подготвите.
Потребни состојки:
– 400 г брашно
– 1 пакетче сив квасец
– 50 мл млеко
– 50 мл масло за јадење
– 200 г кисело млеко
– 1 белка
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер

Подготовка:
Во длабок сад промешајте ги сите состојки заедно и оформете тесто. По потреба додајте уште малку брашно за да тестото не биде многу лепливо. Оставете тестото да стаса околу 1 час на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и оформените земички наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Премачкајте со жолчка и млеко промешани заедно и наросете со сусам. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Забавно готвење!