фото: EPA-EFE/Villar Lopez

Реал размислува да не го игра финалето во Кралскиот куп

Бојкотот на прес-конференцијата, проследен со одложување на тренинзите и фотосесиите, доведе до информации дека фудбалскиот клуб Реал Мадрид размислува да не го игра финалето на Кралскиот куп против Барселона.

– Реал мадрид размислува да не го игра финалето и сака извинување од судиите – пишува Ел Мундо.

Причината е незадоволството од изборот на судија за финалниот дуел, бидејќи се верува дека Рикардо Бургос Де Бенгоечеа постојано го оштетувал Реал со лоши одлуки.

Оваа информација сè уште не е официјална, па се чека исход. Реал најави дека наскоро ќе излезе со соопштение.

Потсетување дека финалниот меч во Кралскиот куп е закажан за в сабота од 22.00 часот во Севиља.

Претходно Барса упати предупредување дека Реал врши бесрамен притисок врз главниот судија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот