фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Реал може да остане без Бензема кој доби понуда од 200 милиони евра

Францускиот репрезентативец Карим Бензема сè уште нема потпишано нов договор со Реал Мадрид, важечкиот му истекува на 30 јуни 2023 година, што значи дека за точно еден месец би можел да биде слободен играч.

Шпанските медиуми тврдат дека во „кралскиот“ клуб стравуваат дека Французинот се предомислува и ја разгледува опцијата да си замине уште ова лето.

Според нивните сознанија, клуб од Саудиска Арабија на Бензема му нуди дури 200 милиони евра за две сезони.

Покрај тоа, Бензема ќе добие дополнителни бонуси за авторски права, додека неговите деца ќе имаат соодветно образование, идентично на тоа во Мадрид и дека условите за живот се повеќе од совршени.

Французинот требаше да потпише договор со Мадрид до 2024 година, но бидејќи тоа сè уште не се случило, сега на „Сантијаго Бернабеу“ преовладува сомнежот дека има причини поради кои одолговлекува еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот