фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Реал Мадрид со Килијан Мбапе против Салцбург

Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, би можел да се врати во игра за третиот натпревар на „кралевите“ на Светското клупско првенство против Салцбург во четврток.

Ова го навести главниот тренер на фудбалерите на Реал, Чаби Алонсо, по победата од 3:1 над Пачука во неделата.

Мбапе ги пропушти првите два мечеви на својот тим поради стомачен грип. Французинот дури беше накратко хоспитализиран, но подоцна беше отпуштен.

– Очекуваме да се врати. Внимателно мораме да ја следиме ситуацијата – рече Алонсо.

Реал Мадрид може и со бод против Салцбург да обезбеди пласман во осминафиналето на натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот