фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Реал го „отпиша“ Модриќ: Кралскиот клуб го доведува освојувачот на Златната топка

Во Мадрид, според „Билд“, веруваат дека Родри, кој ја освои „Златната топка“ оваа година пред Винисиус Жуниор, би можел да биде клучна фигура во новиот проект на Реал.

Германскиот спортски весник пишува дека шпанскиот фудбалски гигант ова лето ќе го доведе еден од најдобрите играчи од средниот ред во англиската Премиер лига од редовите на Манчестер сити.

Реал бара замена за пензионираниот Тони Крос, а недостатокот на креативност и поврзаност помеѓу одбраната и нападот е јасно видлив.

Хрватскиот капитен Лука Модриќ повеќе не е на нивото од своите најдобри години, бидејќи влезе во својата 40 година, додека другите играчи од средниот ред не успеаја да го заменат заминувањето на Германецот, па се шпекулира дека Модриќ е „отпишан“.

Реал нема да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона откако беше елиминиран од Арсенал, а има голема борба против Барселона во Ла Лига. Се шпекулира дека Карло Анчелоти ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а се очекува нов тренер да биде Јирген Клоп, кој моментно ја води академијата на Ред Бул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот