Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Реакција на Бајден по пукотницата во Колорадо: Нема да толерираме омраза

„Омразата не може и не смее да биде толерирана”, истакна американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица.

„Не можеме и не смееме да толерираме омраза”, рече Бајден. „Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека последниве години ЛГБТК+ заедницата беше цел на ужасно насилство исполнето со омраза”.

Тој потсети дека на неодамна усвоениот, според него „најзначајниот закон за безбедност на оружјето во речиси три децении”.

„Но мораме да направиме повеќе. Треба да донесеме забрана за јуришно оружје, за да го повлечеме од американските улици”, рече Бајден.

Пет лица загинаа, а 18 беа повредени во саботната пукотница во геј-клуб во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо.

Осомничениот е во притвор, изјави за новинарите полициската службеничка, Памела Кастро.

„Клуб Кју” е ноќен клуб за геј и лезби возрасни, со тематски вечерни забави како караоке и „дрег” настапи и забави со ди-џеи.

ВИДЕО | Масакар во ЛГБТ клуб во Колорадо: Напаѓач усмрти 5 лица а 18 се ранети

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот