АВМУ. / Фото: Архива на Слободен печат

Реакција на АВМУ за недоличното однесување кон новинарка од страна на директорот на топланата Скопје – Север

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува недоличниот однос на директорот на топланата Скопје-Север, Куштрим Рамадани кон новинарката Катерина Додевска на порталот „МКД.мк”.

-Упатувањето вулгарни навреди во ниту еден случај не смее да биде начин на комуникација на носителите на јавни функции, затоа што со самото прифаќање на позицијата нивната работа е предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите. Истовремено тие треба да бидат свесни дека имаат одговорност за секој искажан збор и дека мора да се воздржат од секаков вид недолична и непримерна комуникација, соопштува Агенцијата.

Оттаму нагласуваат дека попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање.

-Неопходно е на медиумските работници да им се овозможи професионално да си ги извршуваат своите обврски, пред се, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на политичките и јавните органи, нагласуваат од АВМУ.

Реакцијата на АВМУ доаѓа откако директорот на топланата Скопје-Север, Куштрим Рамадани со пцости ја навредуваше новинарката Катерина Додевска која уредно и коректно му побара одговори на неколку прашања во врска со снабдувањето со топлинска енергија на жителите во овој дел од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот