Реакции на Унгарија и Јордан по одлуката на Ирска, Шпанија и Норвешка да ја признаат палестинската држава

Јордан ја поздрави одлуката на Ирска, Шпанија и Норвешка да ја признаат палестинската држава, а Унгарија вели нема намера да ги следи нивните чекори.

Шпанија, Ирска и Норвешка во средата соопштија дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај, што е чекор кон долгогодишната палестинска аспирација која доаѓа во време на меѓународен гнев поради бројот на цивилни жртви и хуманитарната криза во Појасот Газа по офанзивата на Израел.

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади ја пофали одлуката на европските земји на заедничката прес-конференција со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Аман.

„Ние ја цениме оваа одлука и сметаме дека е важен и суштински чекор за да се потврди дека патот кон мирот е решението со две држави“, рече Ал Сафади. Постојат и други европски земји на овој пат“, додаде тој.

Според унгарскиот шеф на дипломатијата пак Унгарија не планира да ги следи чекорите на овие земји. Сијарто со став „тероризмот мора да биде поразен, а во исто време мора да се заштитат животите на цивилните граѓани“.

Речиси истовремените одлуки на две земји од Европската унија и Норвешка може да генерираат импулс за признавање на палестинска држава од страна на другите земји на ЕУ и би можеле да поттикнат понатамошни чекори во Обединетите нации, продлабочувајќи ја изолацијата на Израел.

Во моментов, седум членки на 27-члената Европската унија официјално ја признаваат палестинската држава.

Пет од нив се земји од поранешниот Источен блок кои најавија признавање во 1988 година, како и Кипар, пред да се приклучат на блокот.

Шведска го објави признавањето во 2014 година.

Чешката Република, членка на ЕУ, вели дека признавањето од 1988 година од страна на поранешна Чехословачка – не се однесува на модерната држава.

Словачка досега не кажа дали нејзиниот дел од тоа признание сè уште стои.

Членките на ЕУ, Малта и Словенија, велат дека можеби ќе го следат примерот.

Околу 140 земји претставени во ОН веќе ја признаа палестинската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот