Јована Мојсоска - левица / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Реагира Мојсоска: Јас шест месеци чекам одговор за безбедносен сертификат, а Фетаи со двојно државјанство слуша државни тајни

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку објава на „Фејсбук“ реагира на информацијата дека вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, спротивно на законот добил највисок безбедносен сертификат.

„Арбен Фетаи со ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО добил безбедносен сертификат за државна тајна, иако Законот за класифицирани информации не дозволува безбедносен сертификат од највисоко ниво за лица со двојно државјанство! Јас (член на собраниската Комисија за надзор над АНБ и Агенција за разузнавање) повеќе од 6 месеци немам никаков одговор на моето барање за сертификат за државна тајна, иако (за разлика од вицепремиеров што не говори македонски јазик) НЕМАМ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО. Иако се должни да ми одговарат во рок од 6 месеци на моето барање, власта очигледно ги саботира пратениците да ја вршат надзорната функција над службите“, пишува Мојсоска.

Фетаи денеска одговараше на новинарски прашања само на албански јазик, освен на прашањето за неговиот безбедносен сертификат, за кое мораше да се консултира со колегите од Владата.

„ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека АНБ под контрола на СДС не дава безбедносен сертификат на пратеникот Ковачки. Сега АНБ со директор од вмровскиот Факултет за туризам повторно ја саботира собраниската Комисија за надзор и ја доцементира партизацијата на оваа безбедносна институција“, додава Мојсоска во објавата.

ВИДЕО | Министерот за добро владеење не е спремен да зборува македонски, но има безбедносен сертификат „државна тајна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот