Фото: EPA

Разводи кои ја одбележаа 2024 година: Овие познати личности решија да стават точка на бракот

Минатата година нема да им остане во најдобро сеќавање на многу познати парови, бидејќи многумина решија да стават крај на нивните љубовни приказни. Одлуката за развод или прекин на долгогодишните врски ја донеле многу познати парови, како оние во светот, така и оние од Балканот.

Крајот на годината е секогаш прилика да се потсетиме на сето она што ја одбележа – и убавото и помалку убавото. Раскинувањето на познатите парови е секако една од помалку убавите работи што ќе ги паметиме.

Многу врски и бракови не успеаја да ја преживеат 2024 година, а меѓу нив има и бројни познати личности.

Харис и Мелина Џиновиќ

На регионалната сцена големо внимание предизвика веста за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ на почетокот на годината. Парот, кој помина повеќе од две децении заедно, се раздели по десет години брак. Додека Харис се огласуваше во медиумите дека не е повреден, Мелина се повлече од јавноста, а медиумите објавија дека започнала нова врска со некој бизнисмен.

Џенан Лончаревиќ и Самира

Српскиот пејач Џенан Лончаревиќ и неговата сопруга Самира официјално се разведоа на 19 јули по 25 години брак. Нивниот развод не помина без проблеми – медиумите објавија за обвинувањата на Самира дека Џенан се обидел да ја избрка од дома. Овој развод предизвика големо внимание во јавноста, особено поради тврдењата дека Лончаревиќ живее со друга жена веќе 15 години.

Ела Дворник и Чарлс Пирс

Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник минатата година објави дека се разведува од сопругот Чарлс Пирс, но нивниот развод сè уште е во тек. Тие се венчаа во 2019 година во капела во Лас Вегас по неколку години врска, а заедно имаат две ќерки, Балија Ди и Лумија Врен.

Милан Калиниќ и Сандра

Српскиот водител Милан Калиниќ се разведе од сопругата Сандра по 18 години брак. Парот кој има две деца реши да тргне по својот пат, а Калиниќ по разводот се исели од заедничкиот стан.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Нивната љубов, која веќе еднаш беше прекината на почетокот на 2000-тите кога ја раскинаа свршувачката пред венчавката, доби втора шанса, но таа не траеше. На 20 август оваа година Џенифер поднесе барање за развод од Бен Афлек, точно две години по раскошната свадбена церемонија на неговиот имот во Џорџија.

Пред тоа, парот тајно се венчаше во Лас Вегас на 16 јули 2022 година, додека судските документи го наведоа 26 април оваа година како датум на разделба. Иако многумина уште од почетокот велеа дека нивниот брак, нејзиниот четврти и неговиот втор, е осуден на пропаст, проблемите во нивната врска често ги исполнуваа насловите на медиумите.

Бритни Спирс и Сем Асгари

Бритни Спирс на големо го прослави својот 43-ти роденден. Според TMZ, нејзиниот развод со Сем Асгари беше официјално финализиран овој месец. Бракот меѓу Спирс и Асгари беше склучен пред две и пол години, а на нивната венчавка присуствуваа Мадона, Донатела Версаче и Парис Хилтон. Една година по венчавката Асгари објави дека се разведуваат. Причина за разводот биле гласините за неверството на Бритни, како и честите тепачки поради кои Асгари се иселил од нивната куќа.

Хали Бејли и ДДГ

Еден од првите разводи што ја одбележа 2024 година беше оној помеѓу пејачката и актерка Хали Бејли и раперот ДДГ. Парот, кој е заедно од 2022 година и го има синот Хал, го потврди разводот на 4 октомври. ДДГ преку Инстаграм изјави дека одлуката била тешка, но донесена заеднички, нагласувајќи дека нивната љубов ќе остане искрена, а нивната врска пријателска. Хали сѐ уште не се изјаснила за оваа одлука.

Карди Б и Офсет

И еден од најследените парови на светската музичка сцена, Карди Би и Офсет, оваа година ставија крај на својот брак. Во август беше објавено дека Карди Б, по седум години брак, повторно поднела барање за развод, барајќи целосно старателство над нивните деца. Нивниот брак беше нарушен со обвинувања за неверство и повремени конфликти, кои го направија овој развод неизбежен.

Тори Спелинг и Дин Мекдермот

Актерската двојка Тори Спелинг и Дин Мекдермот, кои поминаа 18 години заедно, официјално ставија крај на бракот на 29 март оваа година. Иако веста за нивниот развод почна да кружи минатата година, конечната одлука беше донесена оваа година. Парот има пет деца, а Тори побара целосно физичко и заедничко правно старателство.

Били Реј Сајрус и Фајроуз

Легендарниот музичар Били Реј Сајрус ја шокираше јавноста кога објави дека се разведува од австралиската пејачка Фајроуз по само седум месеци брак. Парот, кој се венча во октомври 2023 година, не издржа ниту една година, а разводот беше официјализиран во мај 2024 година.

Натали Портман и Бенџамин Милепид

Натали Портман и Бенџамин Милепид се разведоа по речиси 12 години брак. Претставник на оскаровката го потврди разводот на актерката и рече дека Портман тивко поднела барање за развод во јули, а постапката ја завршила во февруари во Франција. Во јуни минатата година јавноста ја дозна веста дека Натали била изневерена од нејзиниот сопруг. Портман и Милепид имаат две деца: синот Алеф и ќерката Амалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот