Фото: Принтскрин

„Размислувам дали да си пукам во чело“: Ѓорѓе Давид бил на контрола и добил лоши вести! (ВИДЕО)

Рокерот Ѓорѓе Давид (55) со своите обожаватели сподели дека денеска бил на контрола кај докторот, но дека таму го дочекале вести на кои не се надевал.

Со оглед на тоа дека ја скрши ногата и дека истата веќе месец дена му е во гипс, Ѓорѓе се надевал дека на контрола ќе му соопштат убава вест.

Меѓутоа, тоа не се случило…

По контролата, музичарот споделил видео порака со своите пријатели и открил колку е бесен.

– Да полудиш! Би гризел, сега веќе почнува да ме нервира гипсот и се – напишал Давид во описот на видеото кое го објави на социјалните мрежи.

– Бев на контрола денеска. Уште малку ќе го чуваме гипсот на нога. Па, размислувам, дали да си пукам во чело или не, но ајде, за неколку дена нова контрола. Оваа година „изгасив“ што се однесува до здравјето – рекол пејачот во своето обраќање.

Да потсетиме. Ѓорѓе Давид ногата ја скрши кон крајот на април, кога доживеа незгода по гостувањето во утринската програмака кај Миломир Мариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!