
Размената на затвореници во Иран за 6 милијарди долари во центарот на вниманието по немирите во Газа
Ненадејниот напад на палестинската група Хамас врз Израел во саботата и одмаздата на Израел досега убиле над 1.100 луѓе и го фокусираа вниманието на исламистичката група поддржана од Иран, пишува Ројтерс.
Препорачано
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата изјави дека Иран сè уште не може да потроши ниту еден долар од 6 милијарди долари средства што беа одмрзнати во размената на американско-ирански затвореници во септември.
Блинкен, исто така, рече дека „сè уште не видел докази дека Иран го режираше или стои зад овој конкретен напад, но сигурно има долга врска“.
Вашингтон негира дека шесте милијарди долари одмрзнати ирански пари отишле за помош на Хамас
Каков беше договорот за размена на затвореници со Иран?
Во август беа објавени детали за комплицираниот договор што го одобри претседателот Џо Бајден. На пет американски државјани, приведени од Техеран, им беше дозволено да ја напуштат земјата во замена за трансфер на 6 милијарди долари од ирански фондови кои беа замрзнати во Јужна Кореја. Во исто време, на пет Иранци држени во САД им беше дозволено да заминат.
Шест милијарди долари беа ирански пари кои беа замрзнати во јужнокорејските банки. Откако Вашингтон, за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, воведе целосна забрана за извоз на нафта на Иран и санкции врз неговиот банкарски сектор во 2019 година, овие приходи од иранската нафта беа блокирани во Сеул.
Средствата не биле дисперзирани во Иран. Централната банка на Катар ги надгледува средствата, кои се уште се во Доха.
„Фактите се овие – не беа вклучени долари од американските даночни обврзници“, рече Блинкен. „Тоа беа ирански ресурси кои Иран ги акумулираше од продажбата на својата нафта кои беа заглавени во банка во Јужна Кореја.
Според условите на договорот за ирански затвореници, парите може да се користат само за хуманитарни цели, вклучително и купување храна или други стоки надвор од Иран за увоз, изјавија американските власти.
Потсекретарот за тероризам и финансии на американското Министерство за финансии, Брајан Нелсон, рече: „Сите пари што се чуваат на ограничените сметки во Доха како дел од аранжманот за ослободување на пет Американци во септември остануваат во Доха. Ниту еден денар не е потрошен. Овие ограничени средства не можат да одат во Иран – тие можат да се користат само за идни хуманитарни цели. Секоја сугестија за спротивното е лажна и погрешна“.
Поради барањата за длабинска анализа поврзани со размената, „Ќе бидат потребни многу месеци за Иран да ги потроши овие пари“, рече портпаролот на Стејт департментот. „И, како што кажавме многу пати, може да се користи само за купување храна, лекови, медицински помагала и земјоделски производи за народот на Иран“.
Повеќето републиканци кои се борат да бидат претседателски кандидат на партијата во 2024 година се обидоа да го поврзат договорот на Бајден со Иран со нападите, при што некои тврдеа, погрешно, дека тој или американските даночни обврзници ги финансирале нападите врз Израел.
Дозволувањето пристап на Иран до тие средства под какви било околности ја подобрува неговата буџетска ситуација, ослободувајќи пари што би се користеле на друго место, рече Ники Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и републикански претседателски кандидат во 2024 година.
„Да бидеме искрени со американскиот народ и да разбереме дека Хамас знае, а Иран знае дека се движат пари додека зборуваме, бидејќи знаат дека ќе бидат ослободени 6 милијарди долари. Тоа е реалноста“, рече таа.