фото: rkeurofarmpelister.com

Раул Алонсо: Горд сум на Битола и на моите играчи за европската сезона

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со пораз ја затвори сезоната во Лигата на шампионите. „Зелените“ пред својата публика загубија од ПСЖ (26:35) и завршија со три победи, два реми исходи и девет порази во 14 одиграни натпревари.

За битолчани ова беше последниот натпревар оваа сезона во ЛШ, Еурофарм Пелистер од претходно ги загуби шансите за место во нокаут фазата, но пред полната сала сакаше достојно да се збогува со својата публика. Сепак, францускиот клуб се покажа како многу посилен противник и заслужено дојде до висока победа.

Тренерот Раул Алонсо, на официјалната прес-конференција, ги анализираше деталите од натпреварот:

– Многу сум горд на Битола и моите играчи, затоа што против ПСЖ дадовме што можевме. Имавме тешка недела, со ракометари кои беа болни, па не беше лесно да се подготви овој дуел. Мечот тргна лошо за нас, ПСЖ е одличен тим со светска класа играчи, ги искористија првите минути да направат разлика, но ние се вративме, се боревме добро. Беше тешко да се остане во натпреварот, секогаш бевме два до три гола зад ривалот. Можеби не бевме и доволно добри во одбраната. На полувреме губевме пет гола, пак се вративме, покажавме енергија во последните минути, но мора да прифатиме дека нашето ниво не беше доволно да се носиме со ПСЖ.

Ама, како што кажав, јас сум горд на овие играчи, дадоа максимум. Овие натпревари ќе ги направат посилни. На крајот шанса добија и помладите играчи, па среќен сум затоа што нашата публика ја препозна борбата и цело време беше со нас – рече Раул Алонсо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот