фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Распродадени влезниците за македонските навивачи за дуелот против Белгија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија (10 октомври, 20.45 часот) за пласман на Светското првенство во 2026 година се целосно распродадени.

Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.

Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија.

Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, нема можност за дополнителна количина на билети.

Овој натпревар е многу важен за нашите најдобри фудбалери кои моментно се на првото место во квалификациската група Ј со 11 бодови, еден повеќе од Белгија и Велс, со напомена дека Белгијците имаат еден меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот