фото: levski.bg

Распродадена „Герена“: Шкупи пред полни трибини ќе го игра реваншот против Левски Софија

На два дена до реваншот на стадионот „Георги Аспарухов“ помеѓу Левски Софија и Шкупи од второто квалификациско коло во Конференциската лига, навивачите на Левски ги купија сите билети, пренесуваат бугарските медиуми. Натпреварот е во четврток (3 август) од 19.00 часот по македонско време.

Како и минатата година, кога навивачите го преполнија стадионот за мечеви со ПАОК и Хамрун, сега и ентузијазмот кај фановите на Левски огромен. Во претходните сезони клубот или трпеше казна со затворање на сектор, или не учествуваше во европските натпреварувања.

Од денеска влезните билети беа пуштени во слободна продажба, но набрзина беа купени од фановите на „сините“.

„Герена“ ќе биде полна до крај, потсетување дека нема да биде дозволено за овој возвратен дуел да има гостински навивачи.

Левски по првиот меч во Скопје има предност од 2:0 против македонскиот претставник и е поблиску до пласман во следната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!