фото: hks-cbf.hr

Расизам во Задар на кошаркарскиот натпревар Хрватска – Франција

Хрватските навивачи на расна основа ги навредуваа француските кошаркари во Задар, а се огласи и Француската кошаркарска федерација.

Хрватска за прв пат во историјата нема да игра на Европско првенство во кошарка. Поразот од Франција во Задар значеше и крај на надежите за пласман во натпреварувањето.

По тој натпревар, француските кошаркари пријавија дека добиле навреди на расна основа за време на мечот, повеќе пати. Неколку играчи ги пријавија навредите, особено Жоан Макунду и Амин Нуа.

– Макунду беше навредуван неколку пати со извици „е*и се Макунду“ од трибините. Нуа виде и слушна како се имитираат звуци од мајмуни за време на натпреварот. Инцидентот на трибините ескалира уште повеќе кога Макунду се обиде да го пријави тоа на судиите – наведува францускиот весник „Л’Екип“ во написот за тоа.

За сето ова се огласи и Француската кошаркарска федерација:

– По расистичките навреди упатени кон нашите играчи во Задар, ќе испратиме писмо до ФИБА. Ваквото однесување е неприфатливо. Стоиме со нашите играчи и бараме ФИБА веднаш да реагира. Шокирани сме од таквите навреди – се вели во соопштението на федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот