фото: juventus.com

Рандал Коло Муани од ПСЖ на позајмица во Јувентус

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, вториот дел од сезоната ќе го помине на позајмица во Јувентус.

Јувентус му плати на ПСЖ еден милион евра за францускиот напаѓач, со дополнителни трошоци до 2,6 милиони евра, се вели во соопштението на италијанскиот клуб.

Коло Муни дојде во француската екипа од Ајнтрахт во 2023 година, во трансфер вреден 90 милиони евра.

За париските „светци“ оваа сезона постигна два гола на 14 натпревари, додека на претходните осум мечеви беше надвор од составот.

Италијанскиот клуб е моментно петти во Серија А, додека во Лигата на шампионите ја зазема 17. позиција, што значи пласман во осминафиналето на тоа натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот