Рами Малек и Ема Корин - Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Рами Малек и Ема Корин, ѕвездата на серијата „Круна“ раскинаа по две години врска

Рами Малек (43), кој се прослави со улогата на Фреди Меркјури во филмот „Боемска рапсодија“ и Ема Корин, која ја глумеше принцезата Дијана во серијата „Круна“ на Нетфликс, ставија крај на својата двегодишна врска, пишува „Пејџ сикс“. Изворите велат дека тие веќе некое време се разделени.

Иако Рами и Ема често се појавуваа заедно во јавноста во последните две години, тие секогаш одбиваа да ја коментираат нивната врска. Во интервју за „Пипл“ минатата година, Корин одби да ја коментира врската, а Малек само рече дека е „фасцинантна“ и дека еднаш го изненадила со вечера за Денот на благодарноста и го воодушевила.

Двојката првпат беше видена заедно во јули 2023 година на концерт на Брус Спрингстин во Лондон, само неколку месеци откако Малек ја прекина врската со актерката Луси Бојнтон, неговата колешка од биографскиот филм за Фреди Меркјури.

Пред една година беше објавено дека парот заедно купил вила во Хемпстед за 5,8 милиони евра. Не е познато дали сѐ уште живее во куќата или имаат намера да ја продадат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот