Фото: Needpix

Рамен стомак за 1 ден: Tрикови со кои сета храна што ја јадете ќе се „истопи“

Периодот на слави и празници е еден од најубавите во годината. Уживаме во вкусната храна, пијалаци, атмосферата со најблиските, славењата… Но, поради изобилството од празнични трпези богати со калорична храна, забораваме на еден факт – дека сето тоа се одразува и на нашето тело.

За да ви помогнеме да не се грижите за метаболизмот додека трае предпразничниот и празничкиот период на многу храна и разновидни „замки“, ви ја претставуваме неколку трикови како да си го зачувате стомакот рамен!

Пијте многу вода

Секое утро почнете го со голема чаша вода со исцеден лимон. Во текот на денот консумирајте што е можно повеќе вода. Водата го одржува вашиот метаболизам и ве хидрира, притоа го чисти вашиот желудник. Во текот на денот треба да испиете барем 6 чаши вода од по 250 мл.

Избегнувајте млечни производи

Чувствителноста на лактоза е чест проблем, дури и почест од што мислите. Многу луѓе чувствуваат негативен ефект од преголем внес на млеко, сирење или јогурт. Не мора да ги исфрлите засекогаш, пробајте барем 2-3 дена да не консумирате ништо од нив.

Намалете внес на сол

Познато, но вистинито: телото поради вишок сол, задржува вода, и затоа ако сакате да „одморите“ од сол, пробајте еден ден да јадете незачинета храна, наместо тоа можете да ставите природни зачински билки, кои нема да ве отекуваат.

Џвакајте побавно

Кога јадете брзо, заедно со храната внесувате и повеќе воздух и се појавува надуеност. Совет: Јадете побавно и внимателно, а избегнувајте и гуми за џвакање.

Јадете мудро

Голем број намирници се добри против непосакуваната надуеност и пренатрупаност на стомакот. Банана, јаболко, јаткасти плодови како ореви, бадеми, се одличен меѓуоброк, со цел да се заситите, а да избегнете подуеност.

Истегнете се

Пред важен настан, излегување или било каква надворешна активност, истегнете се. На тој начин ќе го забрзате метаболизмот. И ако можете – секаде одете пеш на поблиски дестинации!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот