Рамбо Амадеус и Лејла Кашиќ / Фото: Фејсбук/Рамбо Амадеус/Инстаграм/Лејла Кашиќ

Рамбо Амадеус за сексуалното вознемирување: Дотичната случајно ја плеснав по задникот

Откако продуцентката на емисијата „Дневница“ на РТЦГ, Лејла Кашиќ го обвини црногорскиот пејач Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, за сексуално вознемирување, музичарот се огласи на својата официјална фејсбук-страница и ја сподели својата страна од приказната.

„По повод несреќното, немило и непријатно случување во финалето на снимањето на епизодите од серијалот ‘Дневница’, како и медиумскиот ‘шум’ кој го следи, би сакал да се огласам и да го објаснам моето сосема недолично однесување кон новинарката Лејла Кашиќ.

Додуша, би било многу полесно кога би било изнесено она што конкретно ми се замерува, бидејќи во нашата комуникација во текот на целиот ден имаше многу недоразбирања и несогласувања. Вака делува како некоја нејзина медиумска тактика, но нека биде, еве сам ќе се обидам да ги набројам и да ги признаам сите мои недела. Ќе ја замолам дотичната госпоѓица да ме дополни ако нешто сум заборавил.

Цел ден бев надрндан и саркастичен поради фактот дека толку бргу упаднав во нешто што нема никаква врска со мојот сензибилитет и моите уверувања.

Пред се, поради моето противење јавно да го снимиме семејството на кое му помагаме и со тоа да го стигматизираме во јавноста. Тоа ми делуваше ужасно сурово, не можев ни да сфатам како тоа некому може да биде ‘кул’ и да мисли дека прави добро дело. Емисиите ги проследив површно, не ни приметив дека семејството на кое му се помага се изложува медиумски. Гласно се спротивставив пред снимателската екупа, но бидејќи целата локална заедница се израдува на тоа што учествувам во хуманитарната акција, јас бев ставен пред свршен чин.

Не ми остана ништо друго освен да се изнервирам. На пр. поради постојаното поправање на моите изговорени реченици од страна на продуцентката, во врска со што било. Тоа беше нешто што треба да се издржи.

Потоа поради бесрамното кокетирање, кое ми одеше на нерви цел ден.

Поради лажното морализирање и инсистирање на тоа дека нивната работа е којзнае колку хумана, а, всушност, социјално загрозените се изложуваат медиумски поради нејзината лична промоција.

Поради фактот дека генералниот спонзор на емисијата е фирма која има обложувалници, а знаеме дека, моментално, тоа е најголемиот проблем и најлесниот пат кон сиромаштија, нешто против што се бори овој серијал.

Но, да потсетам, јас сум обвинет и јавно сум осуден за сексуално вознемирување.

Еве, да прецизирам.

Додека одевме кон куќата на социјално загрозеното семејство, дотичната госпоѓица сосема непланирано ја допрев или ја плеснав по заедникот. Можеби ја штипнав, не се сеќавам. Сакав да ѝ дадам до знаење дека ме стави во понижувачка ситуација. Некаков последен обид да се откаже од грубиот упад во интимата на едно семејство. Несреќно арикулиран квази-другарски аларм. Можеби сексистички, но не и сексуален.

Никој не го виде тоа, ни таа не се бунеше, можев да го негирам, но ме мрзи да се фолирам. Не сум тој лик.

Значи, ја плеснав, пипав или штипнав во траење од една секунда. Верувам дека постојат сателитски снимки кои можат да го потврдат тоа, денес и онака се снима секој дел од планетата.

Потоа, за време на снимањето, во станчето на семејството, додека јас лично не успеав да го исконтролирам своето големо вознемирување, каде што ги опцув и општеството и државата пред камерите поради фактот дека мораме да просиме за да можеме да им овозможиме на некои луѓе да си ги платат долговите и да го наполнат фрижидерот, дотичната покажа целосна присебност и ладнокрвност.

По снимањето, на самата разделба, таа почна да покажува некоја театрална лутина и бараше од мене да ѝ се извинам.

Откако не го доби извинувањето, почна со хистеричниот напад, толку силен што ѝ реков дека лудача и дека треба да се лечи. Тоа навистина искрено го мислам и сега. Баш како што мислам дека целата медиумска сцена е болна, во која, поради отсуство на јасни етички правила, се прифаќа ‘cancel’ култура – култура на средновековен лов на вештерки, но во ера на мобилните телефони.

Секако, би сакал да нагласам дека секој облик на насилство врз кој било, а особено врз децата и жените, ми е неприфатлив и гнасен. Но, во овој случај навистина не чувствувам дека бев насилен, туку само го бранев сопствениот интегритет. Доколку имаше маж на нејзино место, тој ќе поминеше многу полошо.

Знам дека сега медиумски ќе ме закопате поради тоа што не прифатив општествено лицемерство и што јавно не се извинив. Не можам. Гадно ми е да ѝ се извинувам на личност за која мислам дека е манипулативна и злобна. Секако дека ми е жал што ги изгубив нервите и што допрев нешто што не се допира без дозвола. Секако дека ми е жал што ги изгубив нервите и што се дерев. Не беше во ред. Mea maxima culpa. Им се извинувам на оние кои очеуваа поквалитетно однесување под притисок од мене.

Напоменувам, бидејќи се манипулира со тоа, дека веднаш ја известив организацијата УНИЦЕФ дека го замрзнуваме нашиот аранжман додека случајот не се разјасни. Тие изреагираа онака како што, веројатно, мораат.

Дебилната ‘cancel’ култура, која ја засилува денешната психологија на стадо, нема да ме натера да се плашам од пропаст на мојот углед. Ми е гајле за јавниот углед во кој јавната сфера е целосно деградирана“, напиша Рамбо Амадеус на Фејсбук.

Повеќе на темата:

Непристојно ја допирал водителката: По обвинувањата за сексуално вознемирување, УНИЦЕФ го прекина ангажманот со Рамбо Амадеус

„Ме допираше по интимен дел на телото“: Лејла Кашиќ изнесе нови детали за сексуалното вознемирување од Рамбо Амадеус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот