исмет рамадани
Исмет Рамадани, поранешен пратеник

Рамадани: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од Талат Џафери, зашто нема да им остави простор за опструкции

Ако имаат намера министрите и дополнителните заменици од ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат надвор од законот за техничка влада, тогаш ја знаат острината на Талат Џафери. Тој најверојатно ќе реагира поостро и нема да дозволи да се функционира надвор од пропишаното во законот за техничка влада.

Ова за „Студио 10“ на ТВ24 го истакна политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, кој додаде дека има ситуации каде техничките министри и дополнителни заменици, по директива на партијата, опструираат и со работи кои не се во рамките на техничката влада.

– Тие мислат дека имаат право да дејствуваат како политички личности со политички функции, да излегуваат надвор од законот – рече Рамадани.

ВМРО-ДПМНЕ веројатно претпоставуваат, знаејќи го Џафери како претседател на Собрание, дека ќе се држи стриктно до законот и деловникот и нема да остава простор за импровизации, нагласи Рамадани.

Кога се споредуваат министрите во косовската влада и Албанците во нашата влада, компететно велам дека Албанците во нашата влада се поспособни. Нема структура Курти во Северна Македонија кај Албанците која е поквалитетна и подобра рече Рамадани.

Тој додаде дека албанската опозиција има поквалитетен кадар од тој на Курти и оттука не гледа причина да се вклучува партијата на Курти во изборната коалиција.

 

– Во исто време, не треба да се дава повод за коментари. Ако си против една политика на српски свет, со руско влијание, тогаш не треба да играш на тезите на албански свет, на тезите на Вучиќ, кои се руско-српски. Не може да се бориш против таквите тези ако влетуваш во таа формула и сам – рече Рамадани.

Дејствувањето на Курти во земјава само ќе даде сила и алиби на проруските и просрпските влијание, кои и така во нашава држава имаат структури и уточишта, заклучи Рамадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот