Албанија / Фото: CC BY-NC-ND 3.0 / explorer-albania.al

Рама вели дека „туристите кои зборуваат албански и сакаат да војуваат со Србија” се „најголеми загадувачи на плажите“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрече критики кон туристите-Албанци од неговата земја, но и од регионот, како од Косово и од Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи“ на плажите, „иако се претставуваат најпатриотски“.

Тој вели дека дека не туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние кои зборуваат албански – „кои сакаат да одат во војна со Србија на стадионите“ – се најголеми загадувачи на плажите.

Премиерот додаде дека планира и забрана на музиката „талава“, која некои ја сметаат за албанска варијанта на турбофолкот, во баровите и дискотеките на плажите на албанското крајбрежје, како дел од мерките за подобрување на животната средина и на туристичката култура.

Рама летово предводеше акција на чистење на плажите во Албанија од дивоградби, кои беа уривани на целата ривиера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот