
Рама: Албанија поблиску од кога било до членство во ЕУ
Рама ја пофали работата на албанскиот дипломатски кор, истакнувајќи дека надворешната служба треба да стане референтна точка за талентираните лица кои сакаат да ѝ служат на земјата
Албанскиот премиер Еди Рама изјави на отворањето на Амбасадорската конференција „Diplo2025“ дека Албанија е поблиску од кога било до членство во Европската Унија, нагласувајќи дека ова е историска цел за земјата.
Препорачано
– Традиционалната Конференција на амбасадори оваа година се одржува во историски момент за патот на Албанија кон ЕУ, кој треба да заврши во 2030 година. Имаме четири години во кои не смее да се изгуби ниту еден ден, кога времето не чека за подготовка на целата основа за одлуката на Европската комисија за членството на Албанија – порача Рама.
Тој оцени дека конференцијата се одржува во време кога кредибилитетот на Албанија на меѓународната сцена е повисок од кога било. – Албанија е мала земја, но со восхитувачки успеси. Нејзините заслуги на меѓународната сцена се повисоки од кога било досега, рече премиерот.
Рама ја пофали работата на албанскиот дипломатски кор, истакнувајќи дека надворешната служба треба да стане референтна точка за талентираните лица кои сакаат да ѝ служат на земјата. Како пример го посочи работењето на амбасадата во Брисел, нагласувајќи дека е создадено стабилно јадро, една од најубавите инвестиции во дипломатската служба на Албанија.
Премиерот ја истакна и важноста на одржувањето на мирот и стабилноста во регионот, повикувајќи ги дипломатските претставници да бидат промотори на овие вредности.
На конференцијата учествуваат амбасадори на Албанија низ светот, европски и меѓународни експерти, како и министри од соседните земји. На тема „Албанија 2030: во Европа поврзана со светот“ се дискутира за интеграцијата на Албанија и регионот во ЕУ, економската дипломатија и регионалните и глобалните безбедносни прашања.