Фото: EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat/POOL

Ракометен скандал на СП: Нè гледаа како вирус, како животни, тоа е расизам!

Меѓу најпогодените поради ковид-19 е репрезентацијата на Зелено’ртски Острови. Себеси се гледаше како учесник во втората фаза на Светското првенство во Египет, но мораше да се повлече после само еден одигран натпревар.

Проблемите настанаа поради коронавирусот што го погоди тимот, мораа предвреме да ги пакуваат куферите и го напуштија Мундијалот. Но, тие тврдат дека сето тоа било неправедно.

Еден од најдобрите играчи на оваа селекција, капитенот Леандро Семедо, кој игра во Шпанија, вели дека Светската ракометна федерација (ИХФ) никогаш нема да дозволи ова да ѝ се случи на која било голема репрезентација.

– Со нас се однесуваа како животни. Тие нè погледнаа како да сме вирус кој оди. Да се ​​случеше со Германија или Шпанија, ИХФ ќе имаше поинаков третман. Јас не сум доктор и не знам колку е сигурен тестот, но многу нешта не беа во ред. Бевме подготвени за натпреварот против Уругвај, ние би победиле и би се пласирале во вториот круг – рече Леандро Семедо, репрезентативецот Зелено’ртски Острови и воедно ги брани боите на Адемар Леон.

Тој истакна дека некои од неговите соиграчи имале позитивни, негативни, потоа повторно позитивни тестови, а исто така го обвини организаторот на Светското првенство во Египет за расизам поради елиминацијата на неговата репрезентација.

Да потсетиме, поради позитивни случаи на коронавирус репрезентациите на САД се откажаа пред почетокот на СП (први замени беа Македонија и Швајцарија), додека Данска и Норвешка отворено протестираа поради очајната организација на СП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот