фото: РК Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид победници на турнирот во Словенија

Ракометниот клуб Алкалоид е победник на 31 меморијален турнир „Јоже Шилц“ што се одржа во Словенија.

Вечерва во финалето на турнирот екипата предводена од тренерот Кирил Лазаров го совлада тимот на РД Рико Рибница со резултат 35:32 и го доби победничкиот пехар.

Играчот на Алкалоид, Иван Галевски беше прогласен за најдобар голман на турнирот. Претходно во рамките на овој турнир Алкалоид запиша победи и над екипите на Шкофја Лока и Слован.

Со овој натпревар е заокружена серијата на контролни натпревари на кои РК Алкалоид победи на сите седум одиграни меча.

Натпреварувачката сезона за РК Алкалоид официјално ќе почне на 31 август со гостински дуел кај бундеслигашот ТСВ Хановер Бургдорф во рамките од квалификациите за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига, а првиот европски меч на домашен терен ќе го одигра седум дена подоцна во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот