македонска ракометна репрезентација
Македонија ќе го брка своето осмо учество на Европските првенства/ фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Ракометарите ќе добијат 50.000 евра за влез во втора фаза на ЕП

Македонската сениорска репрезентација за три дена ќе го има првиот натпревар на Европското првенство во рамките од групата „А“ која ќе се игра во Дебрецин, Унгарија.

Прв ривал на избраниците на селекторот Кирил Лазаров е селекцијата на Словенија на 13 јануари со почеток од 18.00 часот.

Во групата се наоѓаат и репрезентациите на Данска и Црна Гора, првопласираните две селекции од секоја група ќе се најде во следната втора фаза на континенталниот собир.

Ќе биде доста тежок патот на нашите најдобри играчи, за ривал го има актуелниот светски шампион Данска, секогаш незгодната и силна Словенија, а во Црногорците сигурно гледаме најголеми шанси за освојување на бодови.

Сите посакуваме добри резултати и победи на македонските ракометари, а на тоа секако се надева и Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Управниот одбор на РФМ донесе одлука да ги награди ракометарите на машката сениорска репрезентација со 50.000 евра за пласман во втората, односно главната фаза на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот