
Радои: Македонија покажа зошто ќе игра на ЕП, восхит за Пандев
Селекторот на Романија, Мирел Радои е задоволен што неговата репрезентација со победа ги започна квалификациите за СП 2022, а во исто време упати пофални зборови за Македонија и капитенот Горан Пандев.
– Задоволен сум од овој натпревар и оваа победа. Сакам најпрво да искажам честитки на Македонија која не случајно се врати од негатива од 2-0, но ние на крај имавме повеќе среќа и дојдовме до победата. Сепак, имавме бројни шанси на дуелот и заслужено триумфиравме, а победата требаше порано да ја осигураме. Секогаш е тешко да се играат првите натпревари од еден нов квалификациски циклус и затоа сме среќни што дојдовме до трите бода на еден вака тежок натпревар. Во моментов, Македонија има навистина одлични играчи, не е случајно што се има квалификувано на Европското првенство. Мора да искажам и восхит за Горан Пандев кој и покрај годините одлично се уште игра на теренот и е двигател за својот тим. Го знам Горан од претходно уште кога бев играч, и се уште се восхитувам на него На Горан и на Македонија им посакувам многу успех на Европското првенство – изјави Радои на прес-конференцијата по натпреварот.