Контрола на летање на скопскиот аеродром / Фото: МИА / архива / илустрација

Радарот на скопскиот аеродром е во функција

Радарот на скопскиот аеродром е повторно ставен во функција, соопшти денеска вицепремиерот и министер за транспрот, Александар Николоски, нагласувајќи дека проблемот бил решен во рекордно време за само три дена. Информацијата дека радарот работи ја потврдија и од Македонската навигација (М-НАВ).

Николоски во одговор на новинарско прашање за време на денешната посета на Кавадарци, рече дека станува збор за радар стар 27 години, за кој надлежните со чудо успеале да најдат резервни делови и повторно да го стават во функција.

Тој додаде дека изминатите три дена додека се решавал проблемот со радарот не била доведена во прашање безбедноста на авиосообраќајот на скопскиот аеродром, за што, како што рече, говорело тоа што ниту една авиокомпанија не ги откажала летовите.

„Од утрово имаме целосно функционален радар на скопскиот аеродром и на тој начин проблемите се решени. Би сакал да кажам дека проблемот успеавме да го решиме во рекордно време од само три дена“, рече Николоски.

Додека го решавале проблемот, Николоски вели дека било откриено дека изминатите седум години, радарот работел само со еден канал, а сега благодарение на ангажманот на повеќе владини ресори и активната работа на раководството на М-НАВ и стручните лица од Навигација сега двата канали се во функција.

Тој изрази благодарност и на контролата на летање од Бугарија и на италијанската Влада кои помогнале во решавањето на проблемот.

За проблемот со радарот меѓусебно се обвинуваа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, посочуваа дека вработувањето партиски кадри и непрофесионалното постапување довело до сериозниот проблем.

СДК: Се расипа единствениот исправен радар на скопскиот аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот