Фото: МИА

Работник од Турција се повредил на градилиште на автопатот Гостивар-Кичево

Турски државјанин се повредил додека работел на изградбата на автопатот Гостивар-Кичево, соопшти МВР.

„Вчера во 15:55 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, од приватна болница во градот е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 46-годишниот М.А. од Република Турција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар – Кичево. Се работи на расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот