Колеги соработници
Фото: Pexels/fauxels

Работниците во Еврозоната не се согласуваат со намалување на платите ако работат од дома

Поголемиот дел од вработените во Еврозоната не би се согласиле да им се намали платата во замена за погодноста за работа од дома, според анкета објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ)- пренесе Б92. Според извештаите, дури 70 проценти од работниците би одбиле какво било намалување на платите во замена за можноста да работат два до три дена во неделата од дома.

Приближно 13 проценти од вработените би прифатиле намалување на платата од еден до пет проценти, додека осум проценти би се согласиле на намалување на платата од шест до десет проценти. Хибридниот модел на работа, во кој вработените работат од дома во просек од два до четири дена во неделата, го користат речиси 22 проценти од вработените во еврозоната, но тие се подготвени да прифатат намалување на платата од само 2,6 проценти во просек.

Тоа е значително помалку отколку во Соединетите Американски Држави или Германија, каде што претходните анкети покажаа дека вработените се подготвени да се откажат од пет до седум проценти од својата заработка за да ја задржат опцијата за работа од дома. Во Еврозоната, вработените со деца и оние кои патуваат долго време до работа најмногу го ценат хибридниот модел на работа, а во пракса го користат повеќе помладите отколку постарите работници.

Многу работници кои целосно работат од дома, сепак признаваат дека би сакале да поминат повеќе денови во канцеларија, што покажува дека работењето од дома носи и предизвици како што се изолација или намален контакт со колегите, според веб-страницата на ЕЦБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот