Работнички се раздели со Седлоски и избра нов тренер

Фото: ФК Работнички

Eкипата на Раобтнички по само четири месеци се раздели со тренерот Гоце Седлоски и тоа во период кога имаше два месеци пауза во првенството.

Поранешниот македонски репрезентативец го презема клубот пред крајот на ноември 2023 година кога дојде на местото на Милан Илиевски. Работнички под негово водство одигра 11 натпревари и во нив победи само против Брера и Брегалница, двапати одигра нерешено и претрпе седум порази.

На местото на Седлоски на клупата доаѓа Горан Станиќ, а негови помоѓници ќе му бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, додека тренер на голманите ќе остане Матеј Миленков.

Работнички на табелата е на десеттата позиција со само еден бод предност пред Вардар и три пред Македонија Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот