Фото: Adrien Rabiot/instagram

Рабио го критикува мечот во Австралија: „Лудост е да се патува толку километри“

Фудбалерот на Милан, Адриен Рабио, остро реагираше на одлуката натпреварот меѓу Милан и Комо да се одигра во Австралија, велејќи дека тоа е „чисто лудило“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, УЕФА дозволи неколку натпревари од домашните шампионати да се одиграат надвор од границите на своите држави. Така, Виљареал ќе ја пречека Барселона во Мајами, а Милан и Комо ќе се соочат во Перт, Австралија, во февруари.

Рабио, кој неодамна се врати во италијанскиот фудбал, не го криеше незадоволството:

„Тоа е целосно лудило. Станува збор за економски договори за зголемување на популарноста на лигата, но тоа е надвор од нас… Лудо е да се патува толку километри само за да се одигра меч меѓу два италијански клуба во Австралија. Но, како и секогаш, ќе мора да се прилагодиме,“ изјави Рабио за Фигаро.

Французинот, кој во Милан игра заедно со Лука Модриќ, го пофали искусниот Хрват:

„Пријатно сум изненаден од Модриќ. На тренинзите обрнува внимание на секој детал, неверојатно е колку е професионален на 40 години. Скромен е, а секогаш дава 100% од себе,“ рече Рабио, кој моментално се подготвува со репрезентацијата на Франција за мечевите против Азербејџан и Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот